Акватика парк

АКВАТИКА ПАРК е излетничко место лоцирано покрај реката Бошавица, во општина Демир Капија. Располага со пикник зона, наменета за сите кои сакаат да уживаат во убава природа, свежа риба, како и рекреативен риболов. Пикник зоната е обезбедана со струја, вода, место за самостојна подготовка на скара и риба, фурна, тоалети, туш кабини и паркинг места, а опремена е и со соодветен прибор за јадење и пиење кој се дава на располагање на посетителите. Воедно, АКВАТИКА ПАРК е препознатлива и како место за КАМПУВАЊЕ за сите вљубеници во овој вид туризам.