AKVATIKA

АКВАТИКА дооел Неготино е основана во 2013 година со основна дејност производство и одгледување на риба – крап и сом.

Капацитети


Рибите се одгледуваат во кафезен систем, сместен во водите на Тиквешкото езеро. Капацитетот на кафезниот систем 120 тони риба, од кои годишно се произведуваат околу 110 тони крап и 10 тони сом. При процесот на производство и одгледување на рибата, АКВАТИКА располага и со сопствена линија за производство на храна за риби и тоа само за сопствени потреби. Дистрибуцијата и транспортот на рибата до крајните потрошувачи во РМ (хотели, ресторани, рибарници, маркети и останати) ги врши самата компанија со сопствени транспортни возила за дистрибуција на жива и свежа риба, адаптирани за соодветен и безбеден транспорт на истата.

image

Производство


Истовремено, АКВАТИКА е регистрирана како Репроцентар за производство на порибителен материјал на крап и сом. Репроцентарот е лоциран во близина на реката Бошавица, општина Демир Капија. Самиот процес на производство на порибителен материјал се одвива на површина од 2,5ха земјени базени и годишно се произведуваат околу 10 тони порибителен материјал. Истиот се користи и дистрибуира за порибување на најголемиот дел од водите во РМ, како што се: природни и вештачки езера, реки, акумулации, ревири и сл. Во рамките на АКВАТИКА дооел Неготино регистрирана е подружница АКВАТИКА ПАРК, чија дејност е рекреативни услуги во делот на алтернативниот и руралниот туризам.


Фотографии


image
image
image
image
image
image


image